(ВИДЕО) Отворена изложбата „Поврзување“

Во Центарот за култура во Куманово се отвори изложба која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија. Изложбата е сочинета од дела на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов. Се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники.

-Станува збор за проектот поврзување кој датира од 2014, јас е вклучив подоцна, идеата е да ја промовираме пред се македонската култура во Бугарија, во последните години решивме да ги поврземе двете култури. Сфативме дека не знаеме доволно за двете култури. Мислиме дека на овој начин придонесуваме за зближување-истакна авторот Марјан Ѕингаров кој поттекнува од Струмица, а живее во Софија.

-Оваа изложба требаше да се одржи минатата година но тогаш заради условите од пандемијата не го реализиравме, па еве сега дојдовме да ги претставиме делата пред кумановци. Самата изложба нема конкретна тематика, всушност е тоа што беше претставено во Софија да се претстави и во Куманово-посочи авторот Иво Пецов.

Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ на РСМ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби од авторите.

Коментари

коментар(и)