Откорнат покрив на зграда, искинати жици и два одрона предизвика вчерашното невреме кое го зафати кумановскиот регион.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, граѓаните пријавиле паднати жици на неколку локации, додека на улицата „Тоде Думба“ паднал дел од покрив на зграда како резултат на силниот ветер.
Освен што повеќе локации во градот беа без електрично напојување, евидентирани се и два одрона, едниот на патот Слупчане – Белановце, а вториот во селото Старо Нагоричане кај месноста Трафин.
Инаку, регионот на кумановско вчера беше зафатен од интензивно невреме со пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер.
Според УХМР, во текот на изминатото деноноќие наврнале 32 литри дожд на метар квадратен.