ОШЗС: Пријавувајте сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со моменталната состојба и справување со пожари на територија на општина Куманово, како и мерки и активности кои ќе бидат превземени за заштита и спасувње при евентуална појава на пожари.

На состанокот беа поканети и претставниците од институциите кои може да помогнат со материјално- технички и човечки ресурси за справување со пожарите.

ОШЗС повторно со апел до граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор, со цел да се спречи настанување на пожари, како и да пријават сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари, на надлежните институции.

Коментари

коментар(и)