ОЈО: Татко извршил полов напад врз малолетна ќерка и дистрибуирал детска порнографија

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според ОЈО, осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни  годинава, извршил друго полово дејствие  врз дете , негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот. Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.

Коментари

коментар(и)