Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчеравечер околу 19 часот лишиле од слобода 26 -годишен жител на кривопаланечко поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од кривопаланечко.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.