Панел дискусија за политичка писменост на младите

Во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи” се организира панел дискусија на тема „Политичка писменост на младите кои што за прв пат гласаат на избори“. Панел дискусијата ќе се одржи утре (20.05) ) со почеток во 14 часот во големата сала на поранешен комитет (сала за седници на Совет).

„Поддршка на изборни реформи“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

Гости на панел дискусијата ќе бидат:  Бране Петрушевски (ВМРО-ДПМНЕ), Мартин Костовски (СДСМ), Елми Азири (Алијанса на Албанците), Марија Крстевска (НМСМ)  и Арбер Адеми (ДУИ).

Коментари

коментар(и)