Парична помош од општината за поплавените

Еден милион денари ќе бидат одвоени од буџетот на општина Куманово   како помош за поплавените населени места во Скопје. Еднократна парична помош од 180.000 денари ќе добие и семејството на 43 годишната Жаклина Божиновска која настрада во поплавите на обиколницата кај Смилковско езеро враќајки се од еднодневен излет во Охрид. Одлуката едногласно беше донесена на денешната вонредна седница на Советот на општината.

-Што се однесува до нашата сега веќе покојна  како помош на нејзиното семејство одвоивме 180.000 денари скромна незначителна помош но верувам дека во овие тешки моменти ќе се најде на секој од засегнатите. Како што веќе не контактираа поедини колеги од останатите општини кои што се загрозени првенствено бараат помош од технички аспект, градежни машини, оператива, оспособени луѓе за чистење и одржување на инсталации, итн и нашиот градоначалник , надлежните јавни претпријатија  се во континуиран контакт со сите општини кои што имаат потреба од ваква помош и секако дека општина Куманово веќе своите капацитети ги стави на располагање, изјави Максим Димитриевски, претседател на Совет на општина Куманово

Во собирање помош и донирање за поплавените се вклучија граѓаните, невладините организации, политичките партии.

-Дадовме симболична помош на општината Скопје, градот Скопје, испратени се возила и луѓе од јавните претпријатија кои што исто така ќе помагаат, ние како партија уште вчера организиравме хуманитарна акција за  собирање на најнеопходни средства за помош на граѓаните кои што беа поплавени, собравме околу 4 тони вода, сокови, храна и средства за хигиена, акцијата продолжува и понатаму и апелирам до сите граѓани денеска не е време за собирање на политички поени , туку сите кои можат и како можат на било кој начин да помогнат, изјави Драган Петковски,  советник ВМРО ДПМНЕ

Советниците , како и од иницијативниот одбор денеска ги повикаа граѓаните да донираат  и преку повик на бројот 143 400 преку мобилните оператори. Еден повик чини 100 денари.

Во невремето официјално животот го загубија 27 лицА од Скопје, Куманово, Крива Паланка и Тетово. Од нив 6 лица кои што биле  пронајдени  изминатото деноноќие се идентификувани, но се ушѕе не е откриен идентитетот.  Повредени се околу 70 луѓе и причинета е огромна материјална штета.

Инаку, денеска е Ден на жалост во Македонија, според одлуката на Владата донесена вчера по страшното невреме  со многу жртви. Знамињата пред општина Куманово се на половина копје во знак на жалост.

Коментари

коментар(и)