Паскал останува најдобар голман и во третото коло во Израел

И во третото коло од првата израелска лига, Бисера Паскал од Куманово, според статистиката е најдобар голман. Паскал сезонава игра за клубот Херзлиуа. Според бројот на одбрани, ефикасноста и минутажата на терен, го повтори успехот од првото коло. Тимот на Паскал во неизвесниот натпревар загуби со еден разлика(29:30) од Хапоел Ришон. Двете екипи се фаворити за освојување на титулата.

Коментари

коментар(и)