Патронат одбележаа ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ и ООУ „11 Октомври“

Патронен празник одбележуваат и државното средно училиште „Киро Бурназ“, но и основното училиште „11 Октомври“.

По повод патрониот празник, во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бирназ“ изминатите денови природно-математичкиот актив организираше натпревар за најдобра фотографија на тема „Моето училиште”, се одржаа повеќе училишни натпревари, а денеска беше положено цвеќе пред бистата на патронот во училишниот двор и на свечена седница, директорката Весна Трајковска им додели награди на најдобрите ученици. Традиционално прославата продолжува на 16 октомври кога училиштето го одбележува Светскиот ден на храната.

Што се однесува до основното училиште „11 Октомври“, патрониот празник беше одбележан изминатата седмица, со пригодна културно- уметничка програма на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Какви резултати постигна училиштето изминатата година и дали надлежните се задоволни, од изјавата на директорката на училиштето „11 Октомври“, Драгица Спасиќ во вестите во 18 и 22 часот.

Коментари

коментар(и)