Патронен празник на ООУ „Крсте Мисирков“

ООУ „Крсте Мисирков” денеска со свечена седница во Занаетчиски дом одбележа 77 години од постоењето на училиштето.

Според објавата на Општина Куманово, манифестацијата под мотото „Мисирков – наш патоказ” била посветена на ликот и делото на авторот на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, Крсте Петков Мисирков.
Свеченоста била збогатена со музички настап на хорот, инструментална и литературна изведба на ученици.