МВР соопшти дека вчера, врз основа на претходно изготвен план, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода три лица од Куманово на возраст од 28, 33 и 42 години и 27-годишен скопјанец бидејќи биле забележани како питачат со нивните малолетни деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Против нив, како што додаваат од полицијата, ќе бидат поднесени кривични пријави за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
