МВР соопшти дека вчера на експресниот пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 36-годишен жител на Крива
Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
