Општината објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2025 година

Општина Куманово го објави конкурсот за избор на сувенир на градот. Заинтересираните правни и физички лица можат да аплицираат за изработка на сувенир. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде адаптиран за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.

Рокот за доставување на понудите е 5 декември 2025 година до 15 часот.

Наградата за „Сувенир на општина Куманово“ изнесува 100.000 денари без ДДВ, при што првиот дел од износот изнесува 30.000 денари и ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000 денари.