ВИДЕО: Стошевски: Обезбедуваме квалитетна здравствена заштита на децата

Директорот на Општа болница Куманово м-р Сашо Стошевски и претставници на општествено-одговорни компании, членови на Ротари клуб денеска официјално ја пуштија во употреба дневната болница во детското одделение. Севкупното реновирање на просториите и опремување со потребната медицинска апаратура за педијатрија е донација од Ротари клуб Куманово со поддршка на Ротаракт клуб и Инервил клуб од Куманово.

„Преку нашите проекти, ние не само што решаваме непосредни проблеми, туку инвестираме во подобра иднина. Затоа, секогаш сме посветени на принципот: Да создадеме подобра заедница, еден по еден проект “, истакна Фросина Ефремовска, претседател на Ротари клуб Куманово