Во пресрет на големиот христијански празник Прочка традиционално аматерскиот ансамбл од здружението на пензионери Куманово ја изведе претставата „Ленче кумановче”.
„Кумановските пензионери – актери и овојпат се претставија во најдобро светло и на свој начин ја прераскажаа љубовната приказна на Ленче и Бошко. Со аплаузи и овации присутната публика ги награди членовите од драмската работилница во ЗПК, кои се единствени во држават“, соопштија од здружението на пензионери.