Пензионерите ја изведоа „Шути и рогати“

Љубителите на театарот синоќа имаа можност да ја проследат претставата Шути и рогати која што ја изведе драмската секција при Културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски на Здружението на пензионери. Актерите истакнаа дека им било чест по 18-ти пат да го изведат ова дело.

Шути и рогати денеска имаа можност да ја проследат и лицата во Домот Зафир Сајто. Претседателот на Здружнието на пензионери Спиро Николовски истакна дека е задоволен од работата на  драмската секција.

-Ова е добра прилика по втор пат наша публика во Куманово да ја види оваа претстава да доживее што се случувало меѓу двете Светски војни во една селска општина и да се прикаже на кумановско-паланечки дијалект, поради тоа што овие настани се опишани токму во општината Ранковце-нагласи тој.

Кумановските пензионери досега ги имаат изведено и претставите Ленче Кумановче, Печалбараи, Р од Плевнеш и Сомнително лице.

suti-i-rogati

 

 

Коментари

коментар(и)