Петнаесетта седница на Советот на општина Куманово

Во вторник во кружната сала на зградата на поранешен Комитет ќе се одржи петнаесетта седница на Совет на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат  предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот,  Информација за превземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2022 година, тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ како и предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година.

Потоа ќе следува извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“за период Јули – Септември 2022 година, како и за истиот период за ЈП „Пазаришта“ .

Советниците ќе го разгледаат и предлог – Решението за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп; Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ –за период од 01-ви јуни ди 30-ти септември, како и за ЈП „Куманово – гас“  и Куманово план.

Ќе следува и предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополна на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце;

Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2022 година;

Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и овластување за потпишување на Иницијален договор;

Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за јавно осветлување и паркинг простори ,,Куманово-Паркинг’’ ;

Извештај од спроведена функционална анализа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;

Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;

Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ , Куманово гас;

Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;

Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово;

Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;

Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;

Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;

Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Вера Которка“ – с. Клечовце.

Седницата која ќе почне во 10 часот, ќе можете да ја следите во живо на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)