Во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, од нив 150 случаи на грип или заболувања слични на грип се евидентирани во Куманово. Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, покажуваат последните податоци од Институтот за јавно здравје.
Според возраста 749 се помеѓу 15 и 64 години, 618 се деца од 5 до 14 години, останатите се деца на возраст помеѓу 0 и 4 години и лица на возраст од над 65 години.
Здравствените работници пикот го очекуваат во втората половина на овој месец и првата половина на февруари, односно со враќањето на децата во училиште, очекуваат бројот на лица кои што ќе бидат заболени со грип, или заболувања слични на грипот дека ќе се зголеми.
Да се избегнува престој на затворено, редовно проветрување на просториите, да се избегнува контакт со луѓе кои киваат и кашлаат, да се јаде лесна храна, да се хидрира организмот и да се внесуваат минерали и витамин се дел од општите мерки за заштита од грипот.