Во дел од населбата Јане Сандански ( Бабин дол) денеска до 16.30 часот потрошувачите ќе останат без електрична енергија. Планиран прекин на електрична енергија денеска до 15 часот има и во населбата Карпош, кај т.н. Мајорово Трло и Хавана.
В понеделник, на 2 февруари, од 09 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците кои што живеат во станбените објекти на булеварот „Октомвриска револуција“ бр. 22, како и објектите на казино, „Техномаркет“ и „Кипер“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на добиени податоци од ЕВН Скопје.