Пожарникарите од Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на улицата ул.„Тоде Думба“ бр 88, каде што претходно експлодирала плинска боца, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
За случајот известува и СВР Куманово. Според полицијата, вчера во 14:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во стан на ул. „Тоде Думба“, сопственост на 51-годишно лице, настанала експлозија од плинска боца, при што биле оштетени прозорците и дел од покуќнината. Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Втората интервенција на пожарникарите вчера била во населбата Перо Чичо во местото викано Стари лозја каде што било опожарено електрично броило, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.