Реализација на повеќе проекти предвидува Планот на програмите за развој на Општина Куманово за 2026 година. Најголем дел од средствата се обезбедени од унгарскиот кредит, а ќе бидат искористени во текот на 2026 и дел во 2027 година, соопштија надлежните од Секторот за комунални дејности при Општина Куманово.
Во идниот период ќе се реконструираат повеќе улици во населбата Перо Чичо – локалитет Гладо поле, во населбата Иго Тричковиќ, улицата „АВНОЈ“ со четири крака, во Проевце, ќе се реконструира водоводна и канализациска мрежа на неколку улици, а ќе бидат завршени и проектите кои биле започнати во 2025 година.