Поради најавени прекини од ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа утре повеќе улици во населба Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Утре во периодот од 08:30 до 14:30 часот прекини на електрична енергија ќе има кај корисниците од улиците: 1, 51, 52, 53, 54, 55, 56, 160, 181, 170 и 172, пишува во билтенот на Регионалниот центар.