Повик до академските скулптори за учество на изложба

Академски скулптори  до петти јули имаат можност да се пријават со свои дела за изложбата насловена „Скулптури на новото време“. На изложбата можат да учествуваат скулптори кои живеат и работат на територијата на Република Македонија, со три досега неизлагани скулптури.

– Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира биеналната изложба на скулптури од 1998 година и досега одржани се десет изложби. На изложбите се презентирале уметници од повеќе генерации од целата држава. изјава Роберт Цветковски, директор на центар за култура

Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот. Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба.

Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, а организатор и координатор на сите активности поврзани со изложбата е центарот за култура.

Изложбата ќе се одржи во втората половина месецов, а освен во Куманово, скулптироте ќе бидат изложени и во други градови во државата.

По завршувањето изложбaта скулптурите ќе бидат вратени на авторите.

Коментари

коментар(и)