Деветнаесетгодишна кумановка е повредена во сообраќајна незгода во која учествувале тротинет и мопед.
Министерствто за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 18.40 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од 19- годишна девојка, двајцата од Куманово.
Во незгодата, како што посочуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила кумановката со мопед, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.