Повредена скопјанка во сообраќајна незгода кај Агино село
34-годишна скопјанка е повредена викендов откако со својот автомобил излетала од коловозот на автопатот Куманово – Скопје.
МВР соопшти дека викендов во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во с. Агино Село, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанка, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата, како што информира МВР, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.