Во сообраќајна незгода во велешко повредени се двајца кумановци.
МВР информира дека вчера околу 11.00 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица ,,Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 67-годишен кумановец излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката, 66-годишна кумановка, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.