Министерството за внатрешни работи соопшти дека неколку лица се повредени при судир меѓу две возила во кумановско. Според МВР, вчера во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во село Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 47-годишен жител на с.Љубодраг и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен кумановец. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди двајца негови сопатници, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка.