Секторот за внатрешни работи информира дека изминатиот викенд во полицијата било пријавено дека на крстосницата од улиците „Народна револуција“ и „Салтир Наумов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и мопед „волта“ со кумановски регистарски ознаки.
Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Куманово за медицински третман.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово, која ги истражува причините за инцидентот.