Повреден мотоциклист во сообраќајна незгода

Синоќа околу 23.00 часот  во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Св.Николе со крак од ул„42“ и ул„400“ во Куманово се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишен кумановец  и мотоцикл „сузуки“, управуван од 18 годишно момче од Куманово. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.  Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Коментари

коментар(и)