Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од село во општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, пријавениот, од пролетта 2026 до септември 2026 година живеел во вонбрачна заедница со 14 – годишно дете во неговиот дом.