Пожари во Агино село и Матејче

Вчера во 16 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во Агино село, кумановско, покрај пругата Скопје – Куманово, при што биле зафатени делови од пругата, стрништа и дел од имотот на 68-годишен жител на Агино село односно биле зафатени лозови насади и неколку празни сандаци за пчели. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единцица Куманово. Извршен бил увид и допrва ќе се утврдуваат причините за пожарот.

Пожарникарите интервенирале и во атарот на с. Матејче над манастирот, на опожарена сува трева и деградирана шума во 19.30 часот.

Коментари

коментар(и)