Пожарникарите вчера гаснеле опожарена сува трева во Карпош и во Младо Нагоричане

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрира една интервенција.

Пожарникарите вчера во периодот од 12.00 до 12.35 часот гаснеле опожарена сува трева на улицата „37“ во населба Карпош. Причината за пожарот не е позната, пишува во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Опожарена сува трева во атарот на село Младо Нагоричане вчера гаснеле и пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане. Опожарена била околу три хектари површина, информираат од РЦУК.