Екипите на Територијалната притвпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на неколку локации, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според РЦУК, пожарникарите гаселе опожарена сува трева во село Долно Којнаре, а интервенирале и на отстранување на паднати дрвја на повеќе локации, како и електичен столб. Интервенциите биле на булеварот „Октомвриска револуција“, во населба Карпош, на улицата „Бранко Богдански -Гуцман“.