Успешно извлечен рибар од длабока тиња и кал на реката Пчиња кај Студена Бара. Тим пожарникари од Територијалната притивпожарна единица Куманово на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, изминатата ноќ беа во спасувачка акција. Итниот случај е пријавен на 112 во Центарот за управување со кризи од страна на рибар којшто ги слушнал повиците за помош на лицето кое што покрај реката заглавило во калта.
Тимот пожарникари, за среќа, брзо и навреме стигнал до оддалеченото место од пристапниот пат.
Настраданиот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во кумановската болница и е надвор од животна опасност.
Според надлежните од болницата, лицето е прегледано на одделите Хирургија и Интерно и е пуштено на домашна нега.
Вчерашната акција беше една од покомплексните и поризичните акции, вели Сашo Илиевски, командир на смена – ТППЕ Куманово
