Шест физички и едно правно лице се добитници на општинското признание што се доделува по повод Денот на ослободувањето на Куманово, Ноемвриска награда, соопшти денеска претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации , Сашо Милковски.
Добитниците се:
1.Борис Секирарски – метеоролог
2.Марјан Стошевски, спортски новинар
3.Страхил Петровски, академски сликар
4.Горан Илиќ, актер
5.Реџеп Реџеповски, боксер
6.Фадиљ Маличи, лекар специјалист и
правното лице Кланица БДА компани Куманово
Паричната награда во износ од 100.000 денари ќе биде поделена на еднакви делови на шесте физички лица, а правното лице ќе добие диплома. Ноемвриската награда на добитниците ќе им биде врачена на свечена седница по повод празникот – 11 Ноември, информира Милковски.