Раководството на регионалното кошаркарско натпреварување, БИБЛ Лига денеска го објави распоредот за втората фаза, каде што место обезбедија 6 екипи, поделени во 2 групи.
Во Група „Г“, како што веќе знаете, силите ќе ги одмерат КК Куманово, Академик Пловдив и Хапоел Холон.
Најдобрите две екипи со меѓусебен ефект, заминуваат на завршниот Ф4 турнир.
Последниот натпревар за КК Куманово ќе биде на крајот од месец март во Бугарија, односно на 30-ти во „Комплекс Сила“.
Се уште останува состојбата со можните здравствени проблеми, па нема да биде за изненадување доколку некој натпревар биде одложен и за него биде побаран друг термин.