Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во с.Скачковце полициски службеници лишиле од слобода две лица од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, пронајдени се и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин. При преземање мерки утврдено е дека едното лице издржувало затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Уште една информација од СВР Куманово.
41 -годишен кумановец на вчера, десет минути по полноќ пријавил во полицијата дека бил физички нападнат од едно лице на улицата „Ратко Митровиќ“. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.