Полициски службеници од СВР Куманово вчервечер лишиле од слобода две лица, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Босанска“ во Куманово физички нападнале 41-годишен кумановец, при што употребиле и тврд предмет, соопшти СВР Куманово.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.