Полицијата пронајде единаесет мигранти во руинирана викенд куќа во село Табановце
МВР соопшти дека вчера во 17.00 часот во руинирана викенд куќа во с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 11 лица мигранти, од кои 10 од Кувајт и едно од Сирија.
Лицата биле сместени во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.