Полициски службеници од СВР Куманово и социјални работници презедоа мерки за сузбивање на асоцијална појава питачење, при што од слобода лишени се двајца кумановци на возраст од 22 и 28 години поради сомнение за сторено кривично дело. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Вчеравечер, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 40 -годишен кумановец бидејќи кај него е пронајдена кафеава материја. Oд слобода е лишен и 38-годишен кумановец кој што му ја продал кафеавата материја. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.