Положено цвеќе пред спомен-обележјето на Јосип Броз Тито

По повод 25 мај, роденден на претседателот на поранешна СФРЈ Јосип Броз Тито и поранешен Ден на младоста, делегации од општина Куманово, Советот, членови на здружението „За наше Куманово“ и општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово положија свежо цвеќе пред бистата на Тито на градскиот плоштад. Денот на младоста бил празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој се празнувал на 25 мај, од 1945 до 1988 година. Овој празник се поврзувал со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892–1980), а првата година се славела само како негов роденден, додека во 1957 година на негова иницијатива станува Ден на младоста. Главниот симбол на овој празник беше штафетата на младоста, која се носела околу месец и половина низ целата територија на Југославија и му била предавана на Тито на 25 мај на величествен слет, организиран на стадионот на ЈНА.

Коментари

коментар(и)