„Порака наша“ со новогодишна продажна изложба

Тридневна продажна изложба по повод новогодишните празници организираше дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“. Корисниците од дневниот центар заедно со волонтери од здравствената струка во средното училиште „ Наце Буѓони“ деновиве во трговскиот центар Сума и во дрвена куќичка на плоштадот кај центарот за култура ги презентираат и продаваат своите креации и празнични изработки. Врнежливото време денеска не ги поколеба корисниците со интелектуална попречност на „ Порака наша“ да учествуваат во собирање средства за секојдневните потреби на дневниот центар.


-Ние сме ученици од „Наце Буѓони“ по струка медицинска сестра. Оваа продажна изложба ја организираме во соработка со лицата од „Порака наша“ , нивни лични изработки. Поголем дел од граѓаните само оставаат пари, а некои граѓани  купуваат од новогодишните украси, Ивона Арсиќ, волонтер

Изработките ќе бидат достапни во секое време во дневниот центар. Со секој купен производ се придонесува за поквалитетен престој на лицата со интелектуална попреченост во дневниот центар, односно се придонесува за за одржување на активностите на центарот преку кои корисниците стекнуваат вештини за самостојно живеење и обезбедување на два бесплатни оброци во текот на денот.
Со средствата од новогодишните продажби исто така, секоја година се организира и новогодишна прослава за сите членови со попреченост на Порака Наша.
Годинава за прв пат , корисниците на  „Порака наша“ имаат своја новогодишна куќичка на градскиот плоштад.

Коментари

коментар(и)