Со одлука на Советот на Општина Куманово, од први јануари 2027 година поскапува општинскиот линиски превоз, а бројот на линиите се намалува од 26 на 19.
„Со новата одлука линиите се намалени од 26 на 19 бидејќи сметавме дека нема потреба од толку голем број на линиии бидејќи истите не се рентабилни. Со оваа одлука се уредуваат и зони по километри. На територијата на Општина Куманово постојат 6 зони и тие се утврдени согласно нивната оддалеченост, првата зона е до 4 км, шестата до 30 км. Тарифен број за зона 1 – 50 денари, зона 2 – 60, зона 3 – 80, зона 4 – 100, зона 5 – 120 и зона 6 – 140 денари. Овие тарифни броеви се максимални, што не значи дека ќе бидат по такви цени реализирани на самиот терен. Исто така, со оваа одлука се предвидува учениците и студентите да можат да го користат овој превоз за цена за 50 проценти пониска од утврдената со претходно издадена потврда од училиште во кое посетуваат настава, додека редовните студенти ќе приложуваат студентска легитимација“, истакна Лидија Ланг Спасовска од Општина Куманово.