Почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља чорба“

Легендарниот рокер, фронтменот на групата „Рибља чорба“, Борисав Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови.

Официјалната страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

– Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година, стои во објавата.

Борислав Ѓорѓевиќ, Бора, попознат како Бора Чорба, е роден на 1 ноември 1952 година во Чачак, Србија. Беше еден од основачите на групите „Рани мраз“ и „Сунцокрет“, а врвот на кариерата е „Рибља чорба“, која тој ја основа, каде е пејач и автор на песните и текстовите.

Првиот албум на Рибља чорба „Кост у грлу“ беше издаден во 1979 година, по што оваа група веднаш стана една од најважните на југословенската рок-сцена.

Неговите песни како „Лутка са насловне стране“, „Погледај дом свој анџеле“ и „ Два динара друже“ , станаа химни на повеќе генерации.

 

 

Коментари

коментар(и)