Почна изградбата на новата фасада на СОУ„ Перо Наков“

Започната е изградбата на новата енергетско-ефикасна фасада во СОУ „Перо Наков”. Партерно е уреден дворот на училиштето, а во тек е и изградбата на нова ограда околу училишниот двор.

„Во тек е и изградба на нова енергетско-ефикасна фасада на СОУ Гоце Делчев”. Целосно е завршена изградбата на нова енергетско-ефикасна фасада на ОСТУ Наце Буѓони”. Следуваат уште многу проекти за подобрување на условите во образовниот процес, одлучно го враќаме сјајот на општинските училишта во Куманово-напиша на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)