Почна изградбата на спортското игралиште во село Пчиња, соопштија денеска надлежните. Теренот се подготвува за асфалтирање.
Спортското игралиште ќе го користат жителите на Пчиња, рекреативците, спортистите.
Ова е едно од петте игралишта кои општината ги гради во Куманово и руралните средини во изминатиов период и освен во Пчиња, се гради во Клечовце во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, во Романовце и во Агино село, чија изградба е завршена.