По две продолженија пораз на КК Куманово

Уште еден возбудлив натпревар се одигра во Првата лига. За разлика од натпреварот во Скопје кој беше решен во регуларниот дел, во Кавадарци беа потребни две продолженија. Еуроникел можеше и полесно, но не успеа да го задржи ритамот, на крајот мораше да се намачи за да го совлада Куманово (112-111) во заостанат меч од петото коло.

Рикиќ со 30 поени и 14 скока беше најефикасен, зад него беше капитенот Петровски со 25 поени и пет скока. Кај гостите, Ливингстон имаше 26 поени а Џекиќ запиша 22 поени.

Кавадарчани по првото полувреме имаа предност од 40-34, на средината на третата четвртина истата изнесуваше и плус 12 (54-42). Во последната четвртина Куманово се врати и се избори за продолжение кое не беше доволно за триумф, се одиграа нови пет минути, а Рикиќ со четири поени во низа донесе радост во редовите на својот тим.

Со оваа победа, Еурникел останува во игра за горниот дел од табелата пред почетокот на плеј-офот.

Коментари

коментар(и)