По еден месец пронајден исчезнатиот кумановец од Ругинце

По еден месец откако беше пријавен за исчезнат, четириесет и седумгодишниот маж од селото Ругинце, општина Старо Нагоричане е пронајден.

Според Секторот за внатрешни работи Куманово, вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници од Пoлициската станица Центар го пронашле кумановецот, за кој на 11 мај годинава беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Лицето било предадено на семејството, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)