По слабите врнежи од снег изминатата ноќ во Куманово, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ денеска работат на расчистување и нанесување на средство за спречување на подмрзнување и лизгање на јавно прометните површини, тротоарите, плоштадот, пешачките премини и автобуските постојки.
Годинава за зимското одржување на јавните сообраќајни површини во градот и населбите целосно е задолжено комуналното претпријатие.