По светиот крст се скокаше на неколку места

20 годишниот Симе Пешевски утрово го фати светиот крст во базенот на соборниот храм Свети Никола. Пешевски првпат учествува на манифестација по повод Водици и имаше најголема среќа од дваесетемина  кумановци , да падне крстот во неговите раце. Очекува оваа година да биде поуспешна од претходната .

Во овој базен претходните две години крстот отиде во рацете на Виктор Петковски, кој денеска беше на затворениот градски базен да им даде поддршка на другарите и пријателите.

Инаку, пред осветувањето на водата и фрлањето на крстот, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и света литургија во чест на Богојавление.

Во истовреме, во црката Света Троица, крстот го фати 21 годишниот Денис Андриевски, кој по трет пат скока по крст.

Верниците утрово запалија свеќи и се помолија за здравје,  мир и благосостојба.

По крст  утрово се скокаше и во реката Липковка, во Бедиње.

Коментари

коментар(и)